|
Производи
RENOVA применува нова рецептура за производите кои се одликуваат по нивниот квалитет и ефикасната примена во пракса. Голем број од овие производи никогаш порано не беа произведени ни од нашите конкуренти кои со оваа дејност се занимаваат многу порано од RENOVA.
Варовниот камен (варовникот) кој е основен репроматеријал на RENOVA за поризводство на малтерот Renofix, се зема од Шарските планини. Овој камен се одликува со неспоредлива белина во однос со варовниот камен на другите камења во рагионот. Оваа врста на камен е употребувана за изградба и обложување на ѕидовите во илирското време, неколку векови пред нашата ера. Врз основа на археолошките истражувања е констатирано дека овие врсти на материјали и покрај тоа што над 2000 години биле во големи длабочини во земјата и во раслични атмосферски услови не го изгубиле нивниот квалитет.
Новата технологија што се применува за максималното користење на овие природни ресурси и нивната примена за изградба на посовремени животни простори, овозможиле овие репроматеријали да најдат одлична примена во градежништвото. Старите римјани варот го сметале за основен материјал за изградба на нивните објекти, а варовниот камен што е основен репроматеријал на RENOVA е многу пати поцврст и поквалитетен од самиот вар. Имено, материјалите на RENOVA содржат мало количество на вар, зависно од врстата на материјалот.
Квалитетот на производите на RENOVA
Renova е синоним на успехот во областа на производството. Да наведеме само еден факт: од основањето на RENOVA во 1992 година, во општина Тетово во почетокот, потоа во неколку места во Р. Македонија, а сега и во одредени делови на регионот, се отворија над 200 фирми чии основен материјал за работа им се производите на RENOVA. Во почетокот овие фирми имаа мошне мал увозен и услужен капацитет. Денес нивните барања се толку големи така што RENOVA за да ги исполни нивните потреби, работи во две смени со поризводствен капацитет од 200 тони на час.
Поради квалитетот и успешниот менаџмент Академијата за вреднување на квалитетот со седиште во Шпанија, ја награди во Лондон RENOVA со “Златна награда”.
Renova е и добитник на “Златен Денар”. Ова награда и се додели на RENOVA за достигањата во областа на стопанството, нагласувајќи го посебно квалитетот на производите и успешниот менаџмент.
Годишниот обрт на RENOVA изнесува 30 милиони евра. Ова е уште еден доказ дека ние сакаме да бидеме во кругот на големите.
RENOVA производите имаат природна еколошка основа, не содржат хемикалии кои ја загадуваат животната средина. RENOVA производите ја штедат енергијата, лесно се одржуваат и се издржливи и во екстремни климатски услови. RENOVA производите се издржливи и на ниски температури дури до -230°C и на високи температури до +600°C, не менувајки го изгледот, ниту која било друга компонента со кои се одликуваат овие материјали.
Нашите досегашни испитувања со разни институции и нашето искуство стекнато низ употреба на нашите производи во разни објекти покажуваат дека овие материјали не го губат квалитетот и својствата ниту изгледот.
RENOVA производите се употребувани и во планински области со над 2000 м. надморска височина, каде што температурите и влажноста на воздухот брзо се подигнуваат и се спуштаат. Ниту екстремните атмосферски услови не го ослабуваат квалитетот на RENOVA производите.
|