М Е Н И
     Home
     За нас
     Производи
     Галерија
     Активности
     Проекти
     Вработување
     Контакт
 

ВЕБМЕЈЛ

Корисник

Лозинка

 

 

ПРЕБАРУВАЊЕ

 

 
RENOVA Џепчиште
RENOVA Гуреза
RENOVELUR Тетово
NEW LEPENCI Качаник
RENOSIL Битола
RENOVA Тирана
FK RENOVA
Фондација RENOVA

 За нас

За нас

RENOVA е синоним на иновацијата, на технологијата, на успехот, на вредноста, на сигурноста и љубовта кон работата, културата, традицијата и верноста. Ние стремиме кон развојот на технологијата и кон иновации на нашите производи. RENOVA е главен промотор за развој на бизнисот, стопанството и техничко-технолошките развитоци на Балканот. Нашето мото е: "Ништо не е недостижно". Таткото на г. Шефки Идризи отиде во Швајцарија со единствена намера за неговите деца и потомци да обезбеди подобри услови за живот.
Во многу погледи 1992-та година е заокружување во многу правци. Г. Шефки Идризи ја отвори фирмата RENOVA која што на почетокот беше само трговска и услужна фирма. За многу кратко време се појавија потреби за вртоглав развој. Сето ова што можете да го видите на оваа web страница е постигнато со големо ангажирање и волја за постигнување на економско-социјален развој. И тоа не е се, затоа што ние продолжуваме со работа со истиот елан.
Успехот на RENOVA е соединување на силите и волјата на двата браќа Шефки и Ќенан Идризи. Тие се исполнуваат меѓу себе. Ќенан своите интелектуални капацитети ги вложил во бизнисот, меѓутоа тој ревносно и со голем успех му се посветил и на спортот, и тоа на фудбалот. Фудбалскиот клуб “RENOVA” започна од општинска лига и за четри години стигна во фудбалскиот пиедестал на Македонија – во првата лига. Овој успех е постигнат благодарение на заслугите и одличното менаџерирање на г-дин. Ќенан.

Кратка историја за RENOVA

RENOVA никна во 1992-та година. Во почетокот беше мало услужно трговско претпријатие, но за кратко време ги изгради првите производствени капацитети произведувајќи Renofix малтери.
Со своите производи, RENOVA направи таква стопанска револуција што многу фирми со вековни традиции не го сториле тоа. Ние сме го постигнале тоа благодарение на оданоста и на квалитетот на нашите производи.
RENOVA постигна на градот Тетово кој броји 200 000 жители да му даде нова и мошне убава слика. RENOVA придонесе да се зголеми интересирањето на многу домашни и странски инвеститори.
RENOVA започна со пласирањето на производи увезени од Австрија, меѓутоа побарувачката на пазарот постојано се зголемуваше. Тоа придонесе да никне првиот производствен капацитет на готовите малтери Renofix.
RENOVA нема некоја долга историја на нејзиното постоење, но има долг список на нејзините достигнувања.
Во 1997 година почнува со првата фабрика RENOVA со седиште во Џепчиште близу до Тетово за производство на Renofix на малтери со производствен капацитет од 25–30 тони на час.
Во 1999 година RENOVA почнува да ја гради втората фабрика, но овој пат во Гуреза–Косово со два пати поголем производствен капацитет од 40–50 тони на час.
Во 2001 година RENOVA во Гуреза им ги нуди на клиентите од Косово првите производи Renofix со ист квалитет како што се производите во Тетово.
Во 2002 година RENOVA го купи најголемиот производител – рудник во регионот на белиот вар "New Lepenci" во Качаник – Косово со вкупно 130 стручни работници за производство на вар.
Во 2004 година RENOVA го купи рудникот и фабриката за производство на кварц и перлит во Битола–Македонија. Овој производствен капацитет е целосно модернизиран. Погонот за производство на кврц веќе почна со работа, а погонот за производство на перлит наскоро ќе почне со работа.
Во истата година RENOVA ја купува и најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа и крзно. Оваа фабрика стартуваше со работа во Фебруари 2006 со над 100 работници.
Во 2004 година RENOVA купи 10 хектари земјиште во Република Албанија за изградба на третата фабрика за производство на Renofix малтери. Изградбата на оваа фабрика е вршена според највисоките европски стандарди истата веќе почна со работа.
Во 2005 година RENOVA вложува во изградбата на фабриката за производство на поцинкованите ивици-лајсни кои се употребуват во градежништвото. Тие многу ја олеснуваат работата на работниците, ја подигнуваат ефикасноста, прецизноста и брзината на изградба на објектите.
Во истата година Renova ја основа фондацијата за стипендии со истото име. Од ова фондација земаат стипендии 94 студенти и 65 средношколски ученици. Имено, со овој чекор се подразбира дека RENOVA не вложува само во фабрики туку и во иднината на народот, помагајќи им на младите да се школуваат во земјата и во странствот за да се добијат идни стручни кадри.
Ова не е се, RENOVA е генарален претставник на боите на "Karbon" од Загреб за Македонија.
RENOVA има капацитет од преку 300 постојани вработени. Бројот на работниците со договор достигнува до 100 работници. RENOVA денес може да ја сретнеме во секој дел на Балканот: во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора итн.
RENOVA е најголем донатор на културно – спортските манифестации и на многу други хуманитарни активности.

Филозофијата на менаџментот на RENOVA


Ние водиме сметка за нашите производи и за квалитетот на нашите производи. Ова го потврдуваат и цертификатите за квалитет 9001 - 2000.
Го нудиме тоа што го бараат нашите потрошувачи, се грижиме нивните објекти да бидат поиздржливи и поудобни, а особено да чуствуваат задоволно и удобно додека одмараат во нивните домови обработени со нашите материјали.
Нашите архитекти и инженери истражуваат на теренот, а дилерите на нашите производи бараат од нас тоа што го бара пазарот. Филозофијата на успехот на RENOVA се базира на фактот дека ние сакаме на нашите клиенти да им се нуди тоа што тие најмногу го сакаат за нивните домови односно објекти.
Работниците на RENOVA се стручњаци во нивните области. Тие се многу мотивирани за работа и за постигнатите успеси RENOVA ги наградува сите вработени. Истовремено се фаворизираат и се наградуваат и најуспешните дилери и партнери.
Работната атмосфера, сигурноста и успехот кај нас се секогаш присутни.
Ние нудиме:
Квалитетни услуги за сите клиенти,
големо внимание за почитување на роковите за испорака утврдените од страна на клијентите,
висок квалитет на производите,
грижа за зачувување на животната средина,
персоналот се мотивира за работа и успеси,
гаранција за производите и услугите на RENOVA.
RENOVA во секое време на сите вас ви стои на располагање.

 

 

ANet Design

copyright © 2004 Renova. All rights reserved.