Want create site? With Free visual composer you can do it easy.

Кратка историја за RENOVA

RENOVA никна во 1992-та година. Во почетокот беше мало услужно трговско претпријатие, но за кратко време ги изгради првите производствени капацитети произведувајќи Renofix малтери. Со своите производи, RENOVA направи таква стопанска револуција што многу фирми со вековни традиции не го сториле тоа. Ние сме го постигнале тоа благодарение на оданоста и на квалитетот на нашите производи.

RENOVA постигна на градот Тетово кој броји 200 000 жители да му даде нова и мошне убава слика. RENOVA придонесе да се зголеми интересирањето на многу домашни и странски инвеститори. RENOVA започна со пласирањето на производи увезени од Австрија, меѓутоа побарувачката на пазарот постојано се зголемуваше. Тоа придонесе да никне првиот производствен капацитет на готовите малтери Renofix.

RENOVA нема некоја долга историја на нејзиното постоење, но има долг список на нејзините достигнувања. Во 1997 година почнува со првата фабрика RENOVA со седиште во Џепчиште близу до Тетово за производство на Renofix на малтери со производствен капацитет од 25–30 тони на час.

Во 1999 година RENOVA почнува да ја гради втората фабрика, но овој пат во Гуреза–Косово со два пати поголем производствен капацитет од 40–50 тони на час. Во 2001 година RENOVA во Гуреза им ги нуди на клиентите од Косово првите производи Renofix со ист квалитет како што се производите во Тетово.

Во 2002 година RENOVA го купи најголемиот производител – рудник во регионот на белиот вар “New Lepenci” во Качаник – Косово со вкупно 130 стручни работници за производство на вар.

Во 2004 година RENOVA го купи рудникот и фабриката за производство на кварц и перлит во Битола–Македонија. Овој производствен капацитет е целосно модернизиран. Погонот за производство на кврц веќе почна со работа, а погонот за производство на перлит наскоро ќе почне со работа. Во истата година RENOVA ја купува и најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа и крзно. Оваа фабрика стартуваше со работа во Фебруари 2006 со над 100 работници.

Во 2004 година RENOVA купи 10 хектари земјиште во Република Албанија за изградба на третата фабрика за производство на Renofix малтери. Изградбата на оваа фабрика е вршена според највисоките европски стандарди истата веќе почна со работа.

Во 2005 година RENOVA вложува во изградбата на фабриката за производство на поцинкованите ивици-лајсни кои се употребуват во градежништвото. Тие многу ја олеснуваат работата на работниците, ја подигнуваат ефикасноста, прецизноста и брзината на изградба на објектите. Во истата година Renova ја основа фондацијата за стипендии со истото име. Од ова фондација земаат стипендии 94 студенти и 65 средношколски ученици. Имено, со овој чекор се подразбира дека RENOVA не вложува само во фабрики туку и во иднината на народот, помагајќи им на младите да се школуваат во земјата и во странствот за да се добијат идни стручни кадри.

Ова не е се, RENOVA е генарален претставник на боите на “Karbon” од Загреб за Македонија. RENOVA има капацитет од преку 400 постојани вработени. Бројот на работниците со договор достигнува до 100 работници. RENOVA денес може да ја сретнеме во секој дел на Балканот: во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора итн. RENOVA е најголем донатор на културно – спортските манифестации и на многу други хуманитарни активности.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.