Want create site? With Free visual composer you can do it easy.
RENOVA Џепчиште
Renova Xhepcisht

RENOVA Џепчиште

“Renova” Џепчиште • Тетово • Македонија

Тел.: +389 44 487 300, 487 009, 487 755

Факс: +389 44 487 200

е-mail: info@renova.com.mk

Фабриката која се наоѓа вo селото Џепчиште се бави со прoизводство на малтерите Renofix кои се користат за внатрешните и надворешните страни на објектите. Исто така во оваа фабрика се произведуваат и флексибилни поцинковани профили (лајсни). За нив постои голема побарувачка од страна на градежните фирми. Овде се поризведуваат и машините Skure-Tech кои служат за нанесување на малтерот по ѕидовите на градежните објекти. Фабриката RENOVA со седиште во Џепчиште произведува преку 35 врсти на малтери кои се идентификуваат со префиксот Renofix, а врстата на материјалот се идентификува со содветниот број, на пример (Renofix 10, Renofix 15, Renofix 202 и т.н.). Што се однесува до машините Skure-Tech се произведуваат две врсти на машини: тие што се за нанесување и тие за мешање на малтерот. Производниот капацитет на фабриката е 25-30 тони на час, а бројот на вработените изнесува 32.

RENOVA Гуреза

Renova Gureza

Renova Gureza

“Renova” Гурезa • Урошевац • Косово

Тел.: +381 290 323 311

Факс: +381 290 396 396

e-mail: renova_ferizaj@hotmail.com

Со брзата реизградба на Косово после војната, барањата за материjалите Renofix се зголемуваат до тој степен што фабриката “RENOVA” која се наоѓа во село Џепчиште немаше капацитет за да ги исполни сите тие побарувања.

Менаџерската екипа на компанијата “RENOVA” одлучи ургентно да изгради една фабрика и во Косово со двојно поголем капацитет од фабриката во Џепчиште. Производниот капацитет е 40-50 тони материал на час и ова фабрика брои 30 професионални работници.

Материјалите Renofix кои се произведуваат во Косово се скоро исти со тие што се произведуваат во Џепчиште, но се разликуваат само некои производи. За повеќе информации за производите ве молиме посетете го индексот на нашите поризводи.

RENOVELUR Тетово

RENOVELUR Tetove

RENOVELUR Tetove

“RENOVELUR” Тетово • Македонија

Тел.: +389 44 351 050, 351 051

Факс: +389 44 333 006

e-mail: renovelur@renova.com.mk

Работната единица “ВЕЛУР” која беше во склоп на фабриката “Годел” во 2003 година се приватизира и стана сопственост на компанијата “RENOVA” од Џепчиште која е во сопственост и управувана од Генералниот Директор Шефки Идризи.

Кожарата RENOVELUR веќе две години успешно работи и преработува крзно, кожа и велур и произведува голема палета производи и тоа од пантoфли (папучи) до кожни јакни, пресвлеки за коли, медицински крзна, ХТЗ опрема итн. Цел на ова фабрика е во иднина да се организира така да со своите производи учествува на домашниот пазар, а особено со големо внимание, квалитет и застапеност на странскиот пазар, поради тоа што резулатите на меѓународните аукции на крзното поакажуваат градуален пораст на цените до 33 % и свестраните побарувања на овој природен продукт исто така се во постојан раст.

Проектот, ставот и определеноста на “RENOVA” е да што поскоро ги зголеми дневните капацитети од 1200 на 1400 обработени кожи. Во периодот додека работело претприатието произведувало 70% полуфинални и 30% финални производи како што се автонавлаките, постава за чевли и крзнени папучи. Нашата цел во иднина ќе биде концентрирана да 30% од производите останат полуфинални, а процентот на финално обработените производи биде 70%.

Што се однесува до пазарот ние ќе го анализираме досегашниот пазар и истовремено ќе истражуваме привлекувајќи повеќе од 15% од целокупниот светски пазар.

Имајќи го во предвид стопанскиот, а особено важниот еколошки фактор, ние сме уверени дека со нашето истражување на меѓународниот пазар, како и со нашата креативност ќе бидеме партнери со останатите производители на крзно.

Поради природната термостатска функција на кожата со крзно да ги прави производите изработени од истата секогаш да ја даваат умерено посакуваната температура се создаде потреба од широка лепеза на производи со класичен и моден тренд.

NEW LEPENCI Качаник

NEW LEPENCI Kacanik

NEW LEPENCI Kacanik

“NEW LEPENCI” Качаник • Косово

Тел.: +381 290 80 030 Факс: +381 290 80 233

e-mail: new-lepenci@hotmail.com

Фабриката “NEW LEPENCI” која се наоѓа во Качаник – Косово исто така е дел од големата компанија RENOVA. Во ова фабрика се произведува гасенaта и хдратизирана вар. Во ова фабрика се вработени вкупно 100 работници.

RENOSIL Битола

RENOSIL Manastir

RENOSIL Manastir

“RENOSIL” Битола • Македонија

Teл.: +389 47 242 331, 242 332 Факс: +389 47 242 332

e-mail: renosilbt@mt.net.mk

Фабриката “RENOSIL” со седиште во Битола е дел од компанијата “RENOVA”. Во оваа фабрика се произведува кварцот и перлитот.

Тука има над 20 вработени.

RENOVA Тирана

RENOVA Tirane

RENOVA Tirane

“RENOVA” Тирана • Албанија

Тел.: +355 48 301 909 Факс: +355 48 301 908

e-mail: renova.tirana@hotmail.com

Фабриката RENOVA од идејниот пројект во 2005 година израсна во најголемиот производствен капацитет на компанијата RENOVA. Во ова фабрика се произведуваат производите кои се произведуваат и во Џепчиште и Гуреза, но со поголем капацитет и со најновата технологија од ова област.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.