Ренова - Пелистер 3:1 (2:0)
Градски стадион во Тетово. Гледаци: 500
Деморализирани по елиминацијата од Купот, фудбалерите на Пелистер беа само декор во потврдата на првата шампионска титула на Ренова во мак-фудбалот. Наум Лјамцевски направи 4-5 измени во стратниот тим за разлика до претходните средби и го претрпе најубедливиот пораз откако тој дојде на клупата на пелистерци. Уште во 3 минута “гипсарите” поведоа и тоа директно од корнер. Капитенот на Ренова Вулнет Емини директно со удар од аголот го изненади Илче Петровски и го отвори резултатот. Изостана реакцијата на битолчани, па домашните фудбалери ги редеа своите шанси пред голот на Пелистер. Во финишот на првиот дел во 43 минута Ренова зголеми на 2:0 со голот на Емини со удар надвор од шеснаесетникот.
Во вториот дел двете екипи играа со помал интензитет и во 54 минута по мешаницата пред голот на пелистерци Османи зголеми на 3:0. До крајот гостите само ублажија со голот на резервистот Сашо Велјановски во 73 минута.