Want create site? With Free visual composer you can do it easy.

FC Renova

“FK RENOVA” Тетово • Македонија

Тел.: 044 334 684

Факс: 044 334 684

е-mail: kfrenova2003@yahoo.com

FK “RENOVA” е основан во 2003 година, но потекнува од фудбалската школа која е формирана во 2000 година под друго име. Како резултат на успешната работа во 2003 година ова фудбалска школа откако првите луѓе на претпријатието RENOVA од село Џепчиште почнаа да инвестираат, ова фудбалска школа се преименува во RENOVA. Веднаш потоа се роди идеја за да се основа FK RENOVA; значи екипа на сениори, а од многуте анализи се одлучи да се земе екипата на Шкумбини од Тетово која се натпреваруваше во третата лига.

Екипата на Шкумбини се преименува во FK RENOVA и екипата во натпреварувачката сеѕона 2003/04 се натпреварува со новото име. FK RENOVA станува многу организирана екипа и како резултат на оваа FK RENOVA го освои првото место во лигата. За да се квалификува во втората лига на FK RENOVA и требше да игра бараж натпревар против “Вардар” од Неготино, кого го победи после изведувањето на ударите од 11 метри.

Во натпрварувачката сезона 2004/05 РЕНОВА продолжува во втората лига каде амбициите на клубот беа фудбалска елита на Мекедонија.

Со една одлична организација, макотрпна и професионална работа на сите структури на чело со директорот на клубот г. Ќенан Идризи, FK RENOVA накрај на сезоната беше второпласирана со кое место обезбедуваше директен пласман во првата лига на Македонија.

Оттогаш се натпреварува во првата лига со амбиции да го зачуваа овој статус и во блиска иднина и да се бори за излез во Европа.

Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.